Торта со гриз

АКЦИЈА
loading...

Состојки:
– 3 јајца
– 110 гр. шеќер
– 130 мл. масло
– 400 мл. јогурт
– 220 гр. гриз
– 200 гр. брашно
– 1 пакетче прашок за пециво
– 100 гр. суво грозје
– 2 пакетчиња ванила

За шербет:
– 400 гр. шеќер
– 800 мл. вода
– сок од лимон

За премачкување:
– 3 лажици џем од кајсија

За попрскување:
– кокос

Подготовка:
Започнете со шербетот така што ќе ги ставите сите состојки во тенџере на оган околу 5 минути. Оставете го шербетот целосно да се излади.
Измешајте ги брашното, гризот, прашокот за пециво и сувото грозје. Во сад со помош на миксер измешајте ги јајцата со шеќерот потоа додадете го маслото, јогуртот и ванилата. Потоа во смесата со јајца ставете ја смесата со брашно и измешајте убаво со дрвена лажица.
Смесата ставете ја во правоаголна тава, лесно подмачкана со масло и попрскана со брашно. Печете на 180 степени околу 35-40 минути. Откако тестото ќе се испече исечете го на коцки па ставете го шербетот. Парчињата намачкајте ги со џемот од кајсија и посипете со кокос.

На здравје!

loading...