Писмо на тинејџер до своите родители: “Во животот постојат многу полоши работи од лошите оцени”

АКЦИЈА

Тоа бил последниот ден на училиште. Таткото кога поминувал покрај собата на својот син, забележал дека е чиста, дури и креветот бил наместен. Изгледало како да си ги собрал своите работи и да си заминал.

Сомневањето кај таткото се зголемило кога забележал писмо на празната работна маса.

Го препознал ракописот на својот син, а на писмото пишувало “За тато”. Со треперливи раце, мажот го отворил пликот.

Тој почнал да чита:

“Тато,

Морам да те известам дека морав да ја напуштам куќата. Не ви кажав бидејќи знаев дека со мама ќе направите скандал. Заминав заедно со својата девојка. Многу ја сакам, но знам дека нема да ја одобрите нашата врска поради нејзиниот пирсинг, тетоважи, моторџиска облека и тоа што е многу постара од мене. Но не станува збор само за моите чувства. Таа е бремена.

Нејзиното име е Сара. Таа е убедена дека среќно ќе живееме заедно. Планираме да имаме и повеќе деца.

Сара ми ги отвори очите дека марихуаната не е многу штетна. Планираме да одгледуваме и да ја продаваме на други луѓе, така ќе имаме пари за кокаин – тој исто така не е опасен во умерени количини. Во меѓувреме ќе се молиме да биде пронајден лек за сида бидејќи Сара треба да биде излечена, таа го заслужува тоа.

Не се грижи тато, веќе пораснав. Со своите 15 години способен сум да се грижам за себе. Еден ден ќе дојдеме на гости и ќе ги запознаете своите внуци.

Те сака твојот син.

П.С Тато се измислив. Ја сум кај другар. Сакав само да ве потсетам дека постојат и полоши работи од лошите оцени кои се наоѓаат во ученичката книшка која е на масата. Јави ми се кога ќе бидеш подготвен за да се вратам дома. Ве сакам”

loading...