Јагнешка чорба

АКЦИЈА
loading...

Јагнешка чорба

Вкусна јагнешка чорба…топло ви ја препорачувам.

Најпрво изнутриците ги сецкаме на соодветна големина за во чорба и убаво ги миеме.По желба тука можат да вметнат и крезлите, моите повеќе ги сакаат пржени, така да не ставам.

Им налеваме вода и ги зовриваме. Ја истураме водата, по проценка ваша, може да се зовријат во уште една вода.Тоа е во зависнот од тоа кој колку може да го поднесе специфичниот јагнешки мирис.
Повторно налеваме чиста вода и ставаме да се варат.

Штом зовријат им ставаме сол и две ловорови ливчиња и вариме додека се сварат-омекнат.
Кога се варени го додаваме фидето.

Штом е сварено и фидето ја додаваме белата тенка запршка.
Во маслото го пропржуваме брашното, внимаваме да не потемни и истураме во чорбата.
Додаваме ловоров лист, магдонос и зачини по вкус.

Послужуваме топло, по желба со додавање на киселина, лимонов сок….
На здравје!

*Вода во варењето по потреба долеваме. На крај имав околу 2 литра течност.

MOIRECEPT.MK

loading...