АЛБАНСКАТА ДИЈАСПОРА СО ПИСМО ДО ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ: Македонија да се применува во „Илирска“, „Албанска“, „Мултиетничка“ Македонија!

АКЦИЈА

Здружението на албанската дијаспора за Македонија во Америка и Европа, со посебно внимание го следи развојот на разговорите за името на ФИРОМ меѓу грчката и македонската страна, каде што Албанците воопшто не се застапени.

“Здружението на албанската диаспора за Македонија, како национална политичка организација која покрива голема територија на два континенти, каде живеат неколку милиони Албанци, сака успешно решавање на овој проблем кој трае повеќе од две децении.

– имајќи ги предвид историските и историографските податоци, територијата на денешна ПЈРМ отсекогаш била населена со Пелази-Илири, Албанци уште од античкото време,

– имајќи предвид дека со падот на Отоманската империја, оваа територија била Вилаетот на Битола(на албански Манастир), исто така населена со мнозинство албанци,

– имајќи предвид дека ФИРОМ се создаде од комунистичкиот систем на Тито,

– земајќи ги предвид неправдите на овој режим и на другите словенски режими,

– Имајќи ја предвид фактичката состојба денес, по распаѓањето на Југославија, ПЈРМ не дозволува задолжителна регистрација на населението на секои десет години, поради бројот на Албанци, кој не е помал од 40%,

– имајќи предвид дека во ПЈРМ живеат: Албанци, Македонци Словени, Турци, Срби, Бугари, Власи, Грци итн, доказ дека оваа република е мултиетничка,

– имајќи предвид дека ЕУ и САД , првенствено БЈРМ ја сметаат како навистина мултиетничка бидејќи признава други етнички заедници што живеат во оваа земја,
Здржението на албанската диаспора за Македонија и нашето широко членство во Америка и Европа,
ПРЕДЛАГА

БЈРМ да се вика:

ИЛИРСКА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

или

АЛБАНСКА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Образложение:

Ова именување означува една древна територија во која античките Македонци и Илири се бореле заедно под команда на Филип II и Александар Македонски. Затоа, албанците се автохтони во овие територии.

МУЛТИЕТНИЧКА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Образложение:

Како што споменавме и погоре, на денешна територија на БЈРМ, живеат повеќе други народи одшто Славомакедонци. Во попис кој би бил под надзор на меѓународната заедница , ќе излезе дека албанците се во најголем број, а потоа и другите .

Албанци во оваа Република, за време на Српско-Хрватско-Словенското кралство воопшто не се пребројани. Славомакедонците ја имаат истата судбина. Се викала Вардарска Бановина, Јужна Србија. Историчари со светско реноме, отворено кажуваат за дискриминација на ова кралство кон албанците, македонците и другите.

Сметаме дека црниоте времиња во Европа веќе завршија, затоа, ве замолуваме нашиот предлог да биде сфатен серозно, бидејќи Мултиетничка Република Македонија би рефлектирала моменталната реалност на оваа земја.

Ние веруваме дека ова именување е достижно и прифатливо за сите страни, бидејќи тоа не навредува ниту една нација или националност во оваа земја, и што е најважно: овој е компромис кој е достижен и прифатлив за грчката страна бидејќи мултиетничноста во Грција воопшто не постои како поим.

Мултиетничноста е исто така призната од страна на ЕУ и САД, како категорија и меѓународен стандард од страна на многу организации и претставници кои твореле и дејствувале во Македонија.

Ние сме свесни за важноста на решавањето на овој проблем, па затоа во таа насока ние одлучивме со нашите предлози да ви помогнеме малку.

Се надеваме дека Вашето Височество ќе биде клучот за решавање на проблемот во корист на сите.“ – стои во писмото на Албанската дијаспора испратено до Обединетите нации.

loading...