(Видео) Изолирана заедница со 400 жители и само едно правило

АКЦИЈА

Серенби е еко-комуна скриена меѓу 400 хектари шумска површина јужно од Атланта во САД. Заедницата била создадена пред петнаесет години, според дизајнот на архитектот Филип Таба и идеите на брачниот пар Најџрин кој таму живее.

Основна идеја на комуната е живот без стрес, односно според принципите по кои живееле нашите предци. Членовите живеат во хармонија со природата. Јадат исклучиво органска храна одгледувана на локалните фарми, а на располагање имаат и три гурмански ресторани.

Домовите ги ладат и загреаваат со геотермални топлински пумпи, а големо внимание посветуваат и на своето здравје и физичка активност. Жителите на Серенби работат во нивните градини, јаваат на коњи и одат пеш секогаш кога ќе им се укаже прилика за тоа.

Заедницата исто така присвојува и некои нови содржина за кои има голем интерес кај жителите како на пример јога и пилатес, а на располагање е и голем заеднички базен.

loading...