РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ERGA OMNES

АКЦИЈА
loading...

Во пресрет на годишнината од Родољубивиот четврток – 27.04.2017 година, Сите за Унитарна Македонија – “СУМ“,како Македонска координативна мрежа што формално обединува 23 граѓански здруженија и организации (а неформално и многу повеќе),

Ве информира дека на:

26.04.2018 година, ЧЕТВРТОК,

со почеток во 19,00 часот организира Собир на сите граѓани родољуби

на кои унитарна и демократска Македонија им е во срцето , а со цел да се испрати порака до ненародната власт дека Македонскиот народ не го заборава Денот кога беше погазен Уставот на Република Македонија, парламентарната демократија и кога е започната окупацијата на Македонија за остварување на туѓи интереси, а на сметка и на штета на македонските.

Мотото на собирот е:

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ERGA OMNES

а пораките кои ќе се испратат се:

Не за промена на МАКЕДОНСКОТО ИМЕ, ЈАЗИК, ИДЕНТИТЕТ и ИСТОРИЈА и кривична одговорност за тие што со украден и фалсификуван мандат го прават тоа во името на македонскиот народ,

Прекинување на секакви судски постапки за РОДОЉУБИТЕ кои на 27.04.2017 година го бранеа Уставот на Република Македонија и парламентарната демократија

РАСПУШТАЊЕ на оваа ненародна и инсталирана власт

Собирот е замислен како надпартиски собир со обединувачка и мотивирачка цел за сите прогресивни и демократски, но пред се родољубиви сили во Македонија кои се свесни за опасностите по опстанокот (физички, духовен, културен и економски) на македонскиот народ, држава и по сигурноста на сите нејзини граѓани.

Почитувани, доколку главната порака на овој собир – РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ERGA OMNES е света и за Вас и доколку барем една од четирите пораки е одраз на Вашите цели или соодветствуваат и се предуслов за исполнување на вашите партиски цели, “СУМ“ искрено и од се срце Ве поканува да го поддржите овој граѓански собир за Македонија со масовна поддршка од страна на вашето членство.

Убедени сме дека со Вашето присуство на овој собир:

1 – ќе му ставите до знаење на македонскиот народ и на сите граѓаните дека како партија сте со него во овие важни и тешки моменти на сериозни напади и загрозување на македонскиот народ и неговите интереси

2 – сте за вистинската парламентарна демократија како гарант на слободите и правата на сите граѓани, независно од припадноста по која било основа (етничка, верска, полова…) и

3 – правите реален чекор кон обединување на сите прогресивни и демократски сили и капацитети во градењето на фронтот против ненародната и недемократска власт, свесни за суштинскиот интерес на македонската нација и државност.

Во овој момент само ЗАЕДНО СМЕ СИЛНИ!

Концептот на собирот е изработен и се поставени принципи, но доколку имате пораки или сугестии кои не го нарушуваат концептот и принципите, би можеле да ги слушнеме и вашите предлози, водејќи сметка за временските ограничувања.

Во име на подобри времиња и со верба во искрената соработка за една толку важна и заедничка цел – Македонија ERGA OMNES, Ве поздравуваме со

ДО ВИДУВАЊЕ НА 26.04.2018 година во 19,00 часот пред спомен обележјето на основоположниците на АСНОМ, Претседателот на првата Македонска Република – Никола Карев и Македонската триумфална капија.

Македонската координативна мрежа СУМ – Сите за унитарна Македонија

loading...