Печен леб со кашкавал: Евтин, брз, и вкусен

АКЦИЈА
loading...

Овој рецепт е идеален за ручек, вечера, ужина или како закуска на вашата забава со пријателите.

Потребни состојки:

• еден леб по избор

• 200-300 гр. гауда кашкавал, исечкан на ленти

• 100 гр. стопен путер

• едно иситнето чешне лук

• прстофат сол

• 2-3 лажички сецкан магдонос

Припрема:

Загрејте ја рерната на 180 Целзиусови степени. Исечете го горниот дел од лебот на коцки, но внимавајте да не го исечете дното. Помешајте го лукот и магдоносот со стопениот путер, а потоа ставајте по малку во “џебовите” од лебот.

Откако ќе го премачкате лебот, ставете ги парчињата кашкавал и налејте го остатокот од путерот врз него. Замотајте во фолија и печете околу 15 минути, додека кашкавалот не се растопи, а потоа отстранете ја фолијата и печете уште 3-5 минути.

Лебот можете да го припремите и ден претходно, со тоа што ќе го чувате во фрижидер.

Ова е основната идеја, но вие можете да додадете и некои други намирници по желба. Ваквиот леб одлично одговара со горгонзола или друг вид на сирење, а љубителите на месо можат да го надополнат рецептот со парчиња сланина, пилешко или колбаси.

Испечете го лебот и поканете гости на овој навистина вкусен оброк – со сигурност ќе уживате во аромата.

loading...