ЈОЦИ: „Нов арач на Шилегов“, вовел данок на имот и за подруми

АКЦИЈА
loading...
Даночно решение за имот за 2018 година

Градот Скопје нашол нов начин за собирање на арач-во новите решенија за данок на имот почнал да наплаќа и за подрумски простории. Новите решенија за 2018 година, испратени од Градот, веќе им стасале на аеродромци, со новата методологија на пресметка.
Како што вели нашиот соговорник, заклучно со 2017, данок на имот, плаќал само за станот, но останал шокиран дека годинава добил данок и за подрумот.

Даночно решение за имот од 2017 година

Петре Шилегов, во јануари годинава, испрати соопштение до скопјани да си го платат данокот на имот за 2016 година, во спротивно ќе биде извршена присилна наплата и блокада на сметки. Оние кои не платија, се соочија со блокади на трансакциските сметки.

Прашања до градската власт и Шилегов.
1. По кој основ и зошто собираат нови приходи на овој начин, со вметнување на подрумски простории во даночните решенија ?
2. Дали #животот кој го ветуваше во кампања, значеше повисоки даноци и поголемо осиромашување на гласачите ?

Преземено од Јоци.мк

loading...