Филип Петровски и Абдулади Вејсели во „Само вистина“ (ВИДЕО)

АКЦИЈА
loading...

Петровски: Постои стратешка анализа на странска амбасада која предвидува дека Македонија нема да влезе во НАТО

Вејсели: Патот до НАТО поминува преку Атина Македонија брзо ќе го реши проблемот за името и ќе влезе во НАТО

Во вечерашниот тв дуел „Само Вистина“ гостуваа поранешниот функционер на ВМРО ДПМНЕ Филип Петровски и поранешниот пратеник од ПДП, Абдулади Вејсели. Петровски рече дека постоела стратешка анализа на една странска амбасада во која се предвидува дека Македонија нема да влезе во НАТО поради Грчките тврди позиции и непопустливост и дека властите знаеле за тој документ но не го откривале јавно и дека намерно се форсирал лажен оптимизам со кој се пополнувале празнините, од како што рече, работењето на оваа влада. Петровски не откри за која амбасада станува збор но, рече дека таа е една од повлијателните кои имаат можност за влијание и врз Македонската и врз Грчката влада за овој спор. Со целата оваа активност, според Петровски се правело обид за одвлекување на вниманието од Законот за употреба на јазиците односно од двојазичноста.

Поранешниот пратеник на ПДП Абдуљади Вејсели со пооптимистичен тон во Само Вистина , оценува дека Македонија многу брзо ќе го реши проблемот со Грција и дека многу брзо ќе влеземе во НАТО. Вејсели смета дека ако има добра воља од двете страни со помош на Европа и САД, ова прашање требало да се надмине брзо зашто Македонија нема друга алтернатива. Вејсели нагласи дека Албанците својот интерес го насочуваат кон Евроатлантските интеграции кон ЕУ и НАТО и дека не сакаат никакво ,, вртење,, кон исток односно Русија.

И двајцата останаа на почетните позиции и посакаа повторно гостување во „Само Вистина“ на есен на тв дуел како реванш за да потврдат чии тези биле во право. Во продолжение следува инсерт, а потоа и целата вечерашна емисија.

loading...