Али Ахмети се пофали со заедничка фотографија со Робертсон – со многу љубов и носталгија

АКЦИЈА

Претседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети на својот Твитер налог се пофали со заедничка фотографија со поранешниот генерален секретар на НАТО, лордот Џорџ Роберстон.

„Лордот Џорџ Робертсон, вреден пријател за нас и за целиот регион. Толку многу спомени и толку многу достигнувања. Преостанува уште едно“, напиша Ахмети под фотографијата со Робертсон.

 

Не е јасно на кои заеднички спомени и достигнувања алудира Ахмети, но во времето кога лордот Робертсон беше прв човек на НАТО, Али Ахмети беше водач на ОНА, која изврши агресија врз македонската територија а Ахмети беше директно одговорен за голем број масакри и воени злосторства врз македонските цивили и безбедносните сили.

Тогашниот претседател на Република Македонија, Борис Трајковски, во интервјуто дадено за CNN, оваа паравоена формација ја нарекува „терористичка организација, без оглед на тоа како тие самите се нарекувале“. На ист став биле Еurope Overview, Patterns of Global Terrorism, Јоханес Свобода (европратеник од Австрија), Џорџ Робертсон (во изјава за Дојче Веле) и Воислав Коштуница (тогашниот југословенски претседател).

loading...