(ВИДЕО) Натчовечка смиреност на полицаецот што сам го уапси напаѓачот од Торонто кој уби 9 лица

АКЦИЈА

Независен.мк

На видеото што го објави „Гардијан“ се гледа неверојатно смирената реакција на полицаецот кој прв го забележа напаѓачот од Торонто. Полицаецот прв го вперува пиштолот, но напаѓачот речиси во ист момент исто така го вади пиштолот. Изненадува смирената реакција на полицаецот, кому во тој момент му е загрозен животот и не го повлекува орозот, иако напаѓачот уште неколку пати го вади и го става пиштолот на појас. Во еден момент полицаецот успева да го натера да се предаде човекот кој пред неколку моменти прегази повеќе луѓе.

Девет лица загинаа, а 16 се повредени откако бело комбе удри во група пешаци во Торонто, по што канадската полиција го пронајде и уапси возачот, изјави заменик началникот на полицијата Питер Јуен.

Инцидентот се случи во 13:30 часот по локално време, кога повеќето вработени излегуваат на пауза, а полицијата побара жителите да ја избегнуваат таа област. Возилото било изнајмено, а компанијата за рентање возила „Рајдер систем“ потврди дека едно од нејзините комбиња учествувало во инцидентот.

Очевидец изјавил дека според него „возачот дејствувал планирано и сакал да ги убие сите“.

Локалната болница „Санибрук“ објави на Твитер дека примила најмалку седум повредени лица, од кои петмина се наоѓаат во критична состојба.

Канадскиот министер за јавна безбедност Ралф Гудејл го оцени инцидентот како „многу сериозен“, без да соопшти повеќе детали. Засега не е познато дали станува збор за сообраќајна несреќа или планиран напад.

Полицијата веднаш ја блокира областа за движење, а затворена е и метро линијата која минува низ тој дел од градот.

loading...