Тајната на успехот на Орце Камчев: „Камелеон“ подготвен за секакво опкружување

АКЦИЈА
loading...

Еден од најуспешните македонски бизнисмени Орце Камчев очигледно ја има откриено тајната на успехот на македонската бизнис сцена. Тајната е секогаш да си со власта. Тој одамна ја има научена оваа лекција.

Имено како млад на свои 20-тина години Камчев ја започнува својата политичка кариера како потпретседател на подмладок на СДСМ. Во 2006 година кога ВМРО-ДПННЕ доаѓа на власт тој ја менува страната и наредните 11 години тој соработува со тогашната власт. Во 2015 кога на македонската политичка сцена започнаа да ,,пукаат бомбите’’ на СДСМ, по само еден негов разговор кој беше објавен во јавноста тој повторно ја менува страната и се трга настрана од јавниот живот.

Камчев станува мета на класична закана и уцена и сите свои ресурси и моќ кои се далеку од занемарливи ги насочува кон тогаш идната партија на власт СДСМ. Многумина не го очекува ова токму од Камчев кој огромен дел од сегашното богатство го направи во времето на ВМРО-ДПМНЕ, но очигледно обвиненијата во фиоките на СЈО односно СДСМ се преголем залак за тој да остане лојален на ВМРО-ДПМНЕ.

Да јасно е дека СЈО и прислушкуваните разговори им служат на СДСМ за уцена на голем број бизнисмени и луѓе од јавната сфера за уцена, односно старата добра комунистичка практика или си со нас или си во затвор. Првиот чекор со кој Камчев го потпомогна СДСМ беше гасење на светлото во македонското новинарство и доаѓањето на медиумскиот мрак во Македонија.

Камчев како еден од сопствениците на МПМ во чија сопственост беа голем дел од македонските пишани медиуми меѓу кои и веќе згаснатиот Дневник одлучи да го земе оружјето во свои раце и да ги згасне овие македонски медиумски гиганти. Да се потсетиме дека во Дневник работеа новинари од калибарот на Мирка Велиновска и Дарко Јаневски кои се огромни противници на антидржавните политики на СДСМ и Заев и сигурно ќе продолжеа да пишуваа против сегашната власт СДСМ.

Политичкиот камелеон олицетворен во Орце Камчев е класичен пример за немање на никавки морални вредности и лојаност и човек кој лично го интересираат само финансиите. Најновата вест поврзана со него е дека тој ќе биде идниот почесен бугарски конзул во Штип. Нему очигледно не му е битно ниту на која држава, а камо ли на која партија ќе ги брани боите, овој човек го интересира само едно нешто, а тоа се парите.

loading...