Предлог ручек за денес: Свински кременадли со павлака и топен кашкавал

АКЦИЈА
loading...

Нема потреба долго да размислувате за денешниот ручек. Го имаме вистинскиот предлог за вас.

Состојки:

1 кг свински кременадли
200 грама кисела павлака
50 мл масло
1 лажица брашно
1 лажица сенф
зачин, сол, бибер
4 чешниња лук
100 грама рендан кашкавал

Подготовка:

Добро исчукајте ги кременадлите, посолете ги и додадете малку зачини. Посипете ги со сенф и пропржете ги во маслото околу 15 минути.

Додадете павлака, додадете рендан кашкавал, брашно, издрбобен кромидот, бибер и малку вода. Измешајте. Кременадлите наредете ги во подмачкана тепсија и посипете ги со кисела павлака.

Печатете во рерна на 200 степени – се додека не поруменат – околу 15-20 минути.

Добар апетит!

loading...