Поранешниот телохранител на Бин Ладен живее од (богата) социјална помош во Германија

АКЦИЈА
loading...

Германскиот „Билд“ денеска објави ексклузивна информација за тоа како поранешниот телохранител на Осама Бин Ладен дури 21 година живее во Германија. И не само тоа, туку тој прима месечен надомест од 1.168 евра.

Оваа информација ја објавија пратениците на десничарката партија Алтернатива за Германија, кои ја прашаа регионалната влада кој е тој човек по име Сами А., а одговорот бил шокантен – тоа е лицето кое во 2000 година го чувала водачот на Ал Каеда во Авганистан.

Германските медиуми не го објавија целото име на Сами поради законот за приватност.

Од друга страна, Сами упорно негира дека е поврзан со џихадистите. Власта размислувала што да прави со него, се спомнувала депортација во Тунос, но од таа идеја се поколебале поради стравот од тоа што таму Сами може да го мачат.

За работата да биде побизарна, германската власт знае за Сами веќе 15 години. На судење за тероризам во 2005 година еден сведок јавно кажал дека Сами му бил телохранител на Бин Ладен, во Авганистан и судиите во Дизелдорф поверувале во таа приказна. Исто така во 2006 година се истражувала неговата поврзаност со Ал Каеда, но но крај немало обвинение.

loading...