Куновска: Ќе ја прашаме и Рада нешто тешко или и натаму ќе си ја рачунаме за Богородица?

АКЦИЈА
loading...

„За новиов правец „зајорадаризам“ ќе биде потпрашана и она нешто или и натаму за Богородица ќе си ја рачунаме?”, пишува иронично Софија Куновска, поранешната пратеничка на СДСМ на социјалните мрежи.

Според Куновска, актуелната вицепремиерка и министерка за одбрана Радмила Шеќеринска дел од јавноста ја смета за светица и затоа не и се упатуваат тешки прашања.

Куновска денеска индиректно прашува зашто сите жешки прашања се упатуваат на премиерот Заев а никој ништо за актуелните политички теми не ја прашува Шеќеринска.

Куновска зборува за нов правец во политиката кој го нарекува „Зајорадаризам” кој што најверојатно произлегува од соработката меѓу премиерот и вицепремиерката.

loading...