Мицкоски објаснува: Како Заев и Тевдовски манипулираат со висината на државниот долг (ВИДЕО)

АКЦИЈА
loading...

Владата на Република Македонија и Министерството за финансии продолжуваат да ги лажат граѓаните на Македонија. Министерството за финансии грубо манипулира со јавноста кога стануваа збор за состојбата на државниот и јавниот долг во Република Македонија, смета првиот човек на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Преку видеопрезентација Мицкоски ја прикажува состојбата на јавниот и државниот долг којашто е објавена на веб страницата на Министерството за финансии со пресечена датум 23 април 2018 година, т.е. денес.

-Вкупната состојба на јавниот долг изнесува 4 милијарди 786 милиони и 900 илјади евра, додека пак вкупната состојба на државниот долг изнесува 3 милијарди 958 милиони и 500 илјади евра. На следниот слајд овие бројки се кажани и споредени со БДП повторно извор ни е веб страницата на министерството за финансии, пресечна дата 21 април 2018 година. Лесно може да се забележи дека бројката која што е објавена а изнесува јавен долг во Република Македонија е 46,7% од БДП, односно бројката која што е објавена а се однесува на државниот долг е 38,7% од БДП во Република Македонија. Станува збор за две различни бројки кои што понатаму реферираат и две различни вредност на БДП, а тоа веќе може да се види на следниот слајд кој што ќе биде прикажан во продолжение, објаснува Мицкоски.

Графички приказ на јавниот и државниот долг можете да видите ТУКА

Кога вкупниот јавен долг ќе се подели со процентот, ќе се добие вредност на БДП од 10 милијарди и 250 милиони евра, а ако бројката на државниот долг се подели со процентот, ќе добиеме различна вредност на БДП, а би требало да добиеме иста т.е. 10 милијарди 228 милиони евра. Разликата е 22 милиони евра, вели тој, но додава дека ова се однесува на она што било претпоставено проектиран раст на БДП од страна на Министерството за финансии.

-Според реалната состојба која што беше објавена на почетокот на април, а со пресечна дата 23 април 2018 година т.е. денес, БДП во Република Македонија базиран на реални податоци и објавен од Државниот завод за статистика е 10 милијарди и 66 милиони евра, што е различно од она што беше презентирано на претходниот слајд. И така сега бројките кои што го одразуваат јавниот и државниот долг процентот од БДП ќе бидат различни и тоа може да се види на следниот слајд.
Кога реалниот јавен долг ќе се подели со реалниот БДП, ќе добиеме бројка од 47,55%, што е различно од она што е објавено од Министерството за финансии, 46,7% односно грешката е нешто повеќе од 85,5 милиони евра. Државниот долг кога ќе се подели со реалниот пораст на БДП, добиваме процент од 39,32% што е различно од 38,7% кои што беа објавени од страна Министерството за финансии, или грешката е нешто повеќе од 62,4 милиони евра, објасни претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Сепак, Мицкоски охрабрува граѓаните да не губат надеж и покрај вака тешката и катастрофална состојба во македонската економија и покрај економското цунами кое што ја има зафатено Република Македонија.

-Доаѓа нова енергија, доаѓа ново утро! Доаѓа нова надеж за Република Македонија, завршува тој.

loading...