Се огласи Симеон, синот на Есма по обвиненијата дека тој го ограбил музејот

АКЦИЈА

Денес беше објавено дека Симеон Атанасов, штитеникот на легендарната Есма Реџепова – Теодосиевска, бил приведен поради сомнение дека тој ја извршил кражбата во домот на Есма.

Штитеникот на Есма демантира дека го ограбил музејот.

За Фокус, тој го коментира случајот и ја открива вистината.

-Не ми треба ниту куќата, ниту пак било што од внатрешноста на куќата. Јас сум наследник на авторските права и тоа ми е сосема доволно. Сакам да го сочувам добриот спомен на Есма, и благодарен сум и што ми помогна во животот, што со нејзина и помош на Стево Теодосиевски јас си го пронајдов патот и до денес се занимавам со музика. Таа ми даде доволно мене и на сите останати деца кои ги одгледа, и затоа ги демантирам сите пишувања и гласини дека сум извршил било каква кражба и сум присвоил нелегално било што од нејзината куќа, изјавил Симеон, кој со децении беше и менаџер на кралицата на Ромската песна.

Многу поопширно прочитајте на Фокус

loading...