4 причини зошто Канада е совршена дестинација за авантуристи

АКЦИЈА

Многумина ја сметаат за студена земја со совршена природа која мора барем еднаш во животот да се посети. Зеленилото со кое е опкружена и дава уникатен изглед во кој секој турист би се „изгубил“. Ова е земја каде луѓето се љубезни и секогаш ќе ве пречекаат со насмевка.

Но, уште една карактеристика ја прави посебна, а тоа патување само со ранец, за луѓето кои сакаат да излезат од комфорната зона и да да почувствуваат адреналин.

Канада е совршена дестинација за вакво авантуристичко патување, а еве и зошто:

1.Автостоп

Кога патувате само со ранец на себе, не знаејќи каде ќе ве однесе патот и денот, како превоз користите автостоп. За некого ризик, за некого авантура, но во Канада нема опасност да ви се случи нешто лошо. На овој начин имате можност, покрај природата, да го запознаете животот на различни профили на луѓе кои живеат во Канада. Тука важи правилото „или возите 5 минути или 5 часа“. Попатно, додека разговарате со човекот кој ве вози, можете да уживате во убавата глетка надвор од прозорецот, на која и нема крај.

2.Историја

Луѓето кои патуваат авантуристички, а се љубители на историјата и сакаат да откриваат нови места полни со историја, треба дефинитивно да заминат за Канада. Земјата има неверојатни приказни да раскаже, посебно ако сте свесни за фактот дека станува збор за англиска и француска историја и култура. Ако патувате за Квебек и Монтреал, потрудете се да ја видите француската архитектура која датира од 17 и 18 век. Пробајте кафе или пиво во некое од кафулињата, прашајте за препорака каде да се движите понатаму бидејќи локалните жители сигурно ќе знаат да ве упатат.

3.Луѓето

За секоја земја во светот постои некаква асоцијација, посебно ако никогаш не сте ја посетиле. Така, на пример кога ќе се спомене Романија, веднаш се помислува на замоци во кои живеат луѓе, на Дракула и слично. За Канада се смета дека е Северниот пол на земјата, место каде нема шанси да се затоплите, каде по улиците шета Дедо Мраз со елените. Секако дека не е така. Канада е земја со неколку годишни времиња. Луѓето кои живеат таму, како што споменавме на почетокот се сметаат за едни од најљубезните.  Каде и да се завртите, ќе се насмевнат и ќе ве поздрават. Голема реткост е да се најде некој кој ќе ви обрати дрско – тие секогаш се подготвени да помогнат.

4.Храна

Во Канада, каде и да се завртите, ќе пробате убава и вкусна храна. Јаворовиот сируп е нешто што не смеете да го пропуштите. Цената на храната не е висока и можете да пробате различни видови без притоа да се грижите за буџетот.

Ако уживате да патувате авантуристички, во тој случај Канада нека ви биде дестинација која мора да ја посетите. Нема поинаков начин да се опишт нејзината убавина, освен да се доживее во целост.

 www.hybread.mk

loading...