Вкусна ручек идеја (Рецепт)

АКЦИЈА
loading...

Направете брз и вкусен ручек од кој сите ќе сакаат репете. Верувајте, вашите најмили ќе побараат и следниот ден да го направите ова.

Еве ги состојките и начинот на подготовка:

СОСТОЈКИ:
1/2 кг мелено пилешко месо
2 изрендани тиквички
1 кромид
3-4 лажички коријанцер
1 чешне лук
1 лажичка сол
бибер
масло за пржење

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Пилешкото месо измешајте го со тиквичките, ситно сечканиот или изрендан кромид, коријандерот, солта, биберот и лукот да се соединат во чинија. Може да ставите и малку масло во смесата.

Смесата треба да има доста вода од тиквичките. Исцедете ја..
Направете мини плескавици од смесата, па загрејте масло во тава.
Пржете ги и свртете ги неколку пати при пржењето.

Потоа, ставете ги во плех, потпечете ги 5 минути, а може да ставите и кашкавал како додаток најодозгора за да се растопи.

Добар апетит!

loading...