Александар Македонски во странските легенди

АКЦИЈА
loading...

ИРАЧКА ЛЕГЕНДА 

Во оваа легенда се раскажува дека Александар Македонски на врвот на главата имал два рога, кои ги криел под косата.

Секоја седмица тој ангажирал берберин да му ја стриже косата, но бидејќи се срамел дека берберинот ќе ја открие неговата тајна, по секое стрижење веднаш наредувал берберинот да се убие.

Набрзо во градот снемало бербери и останал само еден стар Евреин.

Александар помислил:

Ако го убијам и овој берберин, тогаш кој ќе ми ја стриже косата

Така, Александар му наредил на берберинот да се заколне дека никому нема да му ја издаде тајната. Во спротивно, му се заканил дека ќе ја изгуби главата.

Берберинот со недели ја чувал тајната, но најпосле не можел да издржи. Од една страна, интересното сознание го притискало да каже некому, но од друга, се плашел за својата глава.

Тогаш му текнало сепак да ја искаже својата тајна, но никој да не го слушне. Отишол надвор од градот и влегол во една пештера, каде на цел глас почнал да вика: Александар има рогови! Александар има рогови

Така му се олеснило на душата и задоволен се вратил дома, сигурен дека никој не го слушнал.

Но, низ пештерата минувала една рекичка, покрај која растеле трски. Еден ден, некој овчар влегол во пештерата и пресекол трска за да си направи свиралка. Кога почнал да свири, низ свиралката се разлеале зборовите:

Александар има рогови! Александар има рогови

Многумина го слушнале тоа и ова чудо набрзо дошло до ушите на царот Александар. Тој многу се налутил и наредил веднаш да му го доведат берберинот. Кога дошол берберинот, Александар му рекол дека ќе нареди да го убијат. Берберинот почнал да го моли Александар да не го убива и му раскажал што се случило. Александар, кога ја слушнал приказната, му простил и го пуштил дома.

Од оваа легенда произлегла една мудра и помалку комична ирачка поговорка, која гласи: “Ако царевите можат да имаат рогови, тогаш и пештерите можат да имаат уши”

(Iraqi Jewish legend; Edoth I: 184-185 A. Ben Yaakov. English language source: Patai. In: The Classic Tales: 4,000 Years of Jewish Lore. Ed. Ellen Frankel NJ: Jason Aronson Inc., 1989).

4

ВИЗАНТИСКА ЛЕГЕНДА

Постои византиска легенда поврзана со причините за смртта на Александар Македонски. Оваа легенда била објавена во 1388 година.

Според неа, кога Александар се вратил во Вавилон, некоја жена родила необично дете, кое било половина човек – половина чудовиште. Човечкиот дел од телото бил мртов, а делот на чудовиштето жив.

Кога го видел ова, еден од претскажувачите на Александар изјавил дека Александар ќе умре во Вавилон, а неговите наследници ќе продолжат да владеат. Така и се случило.

Во Македонија, Антипатер се побунил против власта на Александар, поради што Олимпија го повикала Александар на помош. За да го спречи неговото враќање, Антипатер испратил отров, кој бил толку силен, што морал да се носи во железна кутија. Отровот бил ставен во виното на Александар од страна на неговиот виноносец Јола. Додека Александар умирал неговата сопруга Роксана го негувала до последниот момент. Пред смртта, Александар ги повикал Пердика, Птолемеј и Лизимах, на кои им ја кажал својата последна желба.

Потоа Александар заминал на небото, а оттаму една ѕвезда паднала право во морето. Истовремено, статуата на Зевс во Вавилон се урнала на земјата. Потоа ѕвездата од морето повторно се вратила на небото, следена од еден орел. Александар бил погребан во Александрија од страна на Птолемеј.

(W.J. Aerts in: “Alexander the Great in Middle Ages”, Groningen, Netherlands, 1977). 

Алфонсо Десетти од Кастиља во 1280 година објавил легенда за Александар Велики
Македонски!

И персискиот поет Нисами во XII век објавил легенда за Александар Велики Македонски!

Романската легенда за Александар Македонски најверојатно потекнува од 1560 година. Нејзината содржина е слична на содржината на една српска легенда за Александар. И оваа легенда е посветена на смртта на Александар во Вавилон.

Кога Александар се вратил во Вавилон, тој таму повторно се соединил со Роксана. Тогаш на сон му излегол пророкот Еремија, кој му ја претскажал смртта.

Александар се разбудил вознемирен, но го утешиле Птолемеј и Филота. Тогаш Аристотел и Олимпија дошле во Вавилон. Еден свештеник од Ерусалим пристигнал во Вавилон и го известил Александар дека пророкот Еремија починал. Александар наредил Еремија да биде погребан во Александрија.

Но, и Александар бил убиен откако го отрул синот на Минерва, која потекнувала од Македонија.
Пред смртта Александар им ја поделил империјата на Птолемеј, Филота, Роксана и Олимпија.
Претскажал дека во иднина со Македонија ќе владее некоја азиска сила (мислејќи на Отоманската империја).

3

Тој побарал да биде погребан во Александрија и рекол дека никогаш нема да се појави човек како него т.е. дека никогаш нема да има “втор Александар”.

Тогаш, покрај посмртната постела дошол неговиот коњ Букефал и пуштил солзи поради својот господар. За да не се мачи Александар во претсмртната агонија, Букефал го удрил со копитата и така тој починал. Александар починал во Ерусалим и по него жалеле сите шуми, реки и планини.

Од жал, Роксана извршила самоубиство, откако се прободела со копјето на Александар.

(A.N. Cizek in “Alexander the Great in Middle Ages” Groningen, Netherlands, 1977). 

loading...