Скопјанките се жалат: Момциве низ градов се мамини синчиња

АКЦИЈА
loading...

Анкета низ скопските улици: Какви мажи може да се сретнат низ градов?

Елена (33 години), Тафталиџе

-Искрено тешко е да се пронајде дечко за озбилно. Излегувајќи низ градов наидувам на момци кои веќе се оформени личности и кои тешко би се промениле за да би стартувале нешто сериозно. Работам како веб дизајнер, имам автомобил, но дечко не. Ако не се појави вистинскиот за година две во план ми е да си посвојам, дете.

Ана-Марија (26 години), Карпош

-Излегов од една чудна долгогодишна врска во кај постојано бевме тројца. ЈАС, ТОЈ И МАЈАК МУ. Беше страшно секој потег, одлука мораш да биде одобрена од негвата мајка. Па каде со тој памет не знам ни јас што очекував по две години врска. „Никогаш нема да бидеш како мама”! Оваа реченица ја слушав неколку пати. Сега е време малку да се одморам не сакам врска за озбилно, но како рекле никогаш не вели никогаш.

Бојана (23 години), Радишани

-Некако не ми се брза малада сум, сакам да се шетам пред да се врзам со некого. Не знам дали сум магнет, но налетувам на типци кои имаат долги врски, а сакаат повремено забава, не фала не сакам да бидам втора опција.

Ивона (32 години), Центар

-Пред две години се разведов, имам синче, тешко е да се пронајде искрена личност. А, и мојата состојба за некои момци кои ми се допаѓале не е прифатлива. Се надевам дека ќе наидам на вистинскиот.

Нина (28 години), Капиштец

-Имам долг врска. Нормално не се согласуваме во се , но мора да се има компромис и разбирање за да се има успех и хармонија. Сметам дека најважна е слободата нормално во одредени граници. Имав среќа дечкото со кој сум е токму таков како што си го посакував.

loading...