Рецепт: Чоколадно трупче

АКЦИЈА

Да почнеме со подготовката.

Во длабок сад ги матиме јајцата и шеќерот.
Матиме додека не добиеме густа пенеста смеса.
Во друг сад претходно го помешуваме брашното, пецивото и какаото, па постепено го додаваме во смесата.
Мешаме со шпатула.

Смесата ја префрламе во долгнавест плех обложен со хартија за печење.

Печеме во загреана рерна многу кратко.

Проверете со стапче (чепкалка) колку е печено.

Оставаме да излади и сечеме по должина на три ленти.

Лентите ги попрскуваме со топлата мешавина од стопено чоколадо и слатка павлака.

Секоја лента ја премачкуваме со чоколаден намаз.
( јас користев готов намаз, мешавина на крем сирење, какаопутер. )

Ако немате сличен намаз, тогаш премачкајте ги со крем.
Врз секоја лента попрскајте лупени ленти од бадем и почнете да виткате како ролат.

Ролатот доградувајте го надавајќи ги останатите две ленти.

Од едната лента оставете малку за да можете да го направите тоа малото израсточе од дрвото.

Сервирајте ја така подготвената торта, додадете го делот од страната па со шпатула премачкајте ја убаво со претходно стврднатиот и изладен фил.

Филот го подготвив на следниот начин…

Во млекото го додадов пудингот, па го сварив на стандарден начин.
Откако е готов пудингот, пуштив парче путер и парче пикантно чили чоколадо.
Промешував на страна да се растопат двете состојки, па оставив на страна да излади, а потоа во ладилник да стегне.
Со така стегнатиот фил, ја премачкав добро, па со помош на вилушка, ја извлеков и ишарав во вид на кора од дрво.
Лешниците ги додадов на дното на трупчето како декорација.
Тортата има прекрасен вкус. Тој пикантен шмек од чилито му дава посебно убав вкус на колачов.

Забелешка

Како единствена забелешка можам да ја додадам оваа.
Следниот пат за попрскување на корите би ставила повеќе слатка павлака.

Ако ви се допадна, направете па споделете.

Moirecepti.mk

loading...