Подгответе го највкусното тесто за пица како од италијанските пицерии – еве како да го направите

АКЦИЈА
loading...

Наједноставното тесто за пица, речиси без месење и толку меко што се разлекува со раце. Ова тесто може да го направи секој почетинк и да го развлече без сукало како вистински мајстор!

СОСТОЈКИ:

500 гр брашно
250 мл вода
70 мл масло
15 гр квасец (3-4 гр сув)
1 лажичка шеќер
1 лажичка сол

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Во топла вода издробете квасец и додајте шеќер, па измешајте.
Додајте половина од брашното и речиси целото масло, оставете малку да се намасти околу тестото, кога ќе се замеси и сол, па измешајте со лажица.
Како што го додавате остатокот од брашното, така и мешајте.
Кога тестото веќе не може да се меша со лажица, измесете го лесно со раце, само обликувајте го. Не е потребно долго месење бидејќи тестото ќе биде добро изработено со лажица.

Додајте го остатокот од маслото и оставете да кисне 30 минути. Тестото ќе биде меко и лепливо.
Работната маса посипете ја со брашно и лесно премесете го тестото.
Од оваа мера има тесто за две големи округли тепсии. Тестото е меко и може да се развлече со раце.
Филувајте го по желба и печете на најјака температура.

Добар апетит!

Деталите погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Домашни рецепти“:

loading...