Мицкоски соопшти нов криминален скандал на власта: Наместо во џеповите на работниците, парите завршуваат на сметки на приватна фирма

АКЦИЈА
loading...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во гостувањето во Алфа Телевизија откри нов скандал на раководните лица во РЕК Битола при ангажирање на помошна работна рака, каде што компанија блиска до раководните лица во компанијата ќе се збогатува на грбот на работниците.

Мицкоски појаснува дека постојат сериозни индиции за криминал во делот на БТО Системот, односно багер-транспортер-одлагач. Тоа е систем во кој се копа со багер, а рудата се транспортира до одлагачот чија задача е да ја одлага во депонија. Бидејќи ова не е постојана работа, во минатото не се вработувале работници за ова, туку се ангажирала помошна работна рака.

-Тоа е тендер, се поништува постојниот тендер, се ангажира компанија која што никогаш порано не работела во РЕК Битола. Лицето сопственик е близок пријател со одредени раководни лица во РЕК Битола и цената по која што се ангажира таа компанија е 197 денари за час, а на работниците им се исплаќаат нешто повеќе од 90 денари. Разликата е околу 100 денари кои што влагаат директно во џеповите на таа компанија, вели Мицкоски.

Појаснува дека во минатото за ова се плаќало околу 120 денари за час, а новите цени се поскапи за околу 70 денари.

-Еве уште едно основано сомнение, да го повикам Основното јавно обвинителство, Финансиската полиција, сите оние институции во државата кои што се задолжени да откријат злоупотреба и криминал да ја проверат оваа информација од јавен свиркач, рече Мицкоски.

loading...