Македонската дијаспора во Франција оствари средба со Бертран Сор

АКЦИЈА
loading...

Македонската дијаспора во Франција, преку медијација на делегација составена од претставници на нејзините здруженија, остварија средба со Претседателот на француско-македонската група за пријателство на француското национално собрание Бертран Сор (Bertrand Sorre), со цел да се запознаат различните проекти и активности поддржани од оваа група за развој на пријателските односи меѓу Франција и Македонија.

На средбата се разговараше за политичката криза со која се соочува земјата, да се осуди т.н. платформа од Тирана, бидејќи таа претставува директно мешање од страна на земја-кандидатка во внатрешните работи на друга земја-кандидат. Ова би можело да стане опасен преседан во меѓународните односи, особено во овој период на опаѓање на солидарноста во ЕУ и во светот, исто така во овие времиња на загрозена безбедност во светот.

Беше истакнато дека преговорите со Грција треба да се прекинат ако 137 од 193 земји или 71% од земјите-членки на ОН, ја признаа Република Македонија под уставното име. Може ли правото на самоопределување и самоназначување да биде повредено од ветото на една земја, без да бидат засегнати интересите на другите земји?

Интеграцијата на Македонија во НАТО и во ЕУ неможе да биде услов за промена на името. Ова е неприфатливо бидејќи е против законот!

Според меѓународното право и правото на македонскиот народ, како конститутивен народ на Република Македонија, самоопределувањето, единственото прифатливо решение, бидејќи е разумно.

На средбата со пратеникот Бертран Сор, истакнавме дека е значајна подршката на Република Франција во сите важни демократски процеси и реализацијата на стратешките евро-атлантски цели на државата.

loading...