КИВИ КОЦКИ – Рецепт

АКЦИЈА
loading...

Потребни состојки:

300гр бисквити
0,5л млеко (плус малку млеко за потопување)
5 лажици брашно
100гр шеќер
ванилин шеќер
150гр маргарин
4 киви
шлаг
Начин на подготовка:

Изматете го брашното со малку млеко. Во остатокот од млекото додадете шеќер и ванилин шеќер, па ставете да зоврие. Сварете пудинг. Пенасто изматете маргарин, додадете лажица по лажица од оладениот пудинг со постојано мешање. Половината од бисквитите потопете ги во млеко и рендајте на тацна. Преку бисквитите намачкајте половина од филот, а преку наредете две киви исечени на кругови. Премачкајте со другата половина од филот, па наредете бисквити натопени во млеко. На крајот изматете шлаг и со него премачкајте го целиот колач. Кога ќе омекне, исечете го на коцки, па на секоја коцка ставете ги на кругови исечени останатите киви.

loading...