Фотографија на срамот од училишната екскурзија на неготинските средношколци

АКЦИЈА
loading...

Тони Ристовски,сопственик на ТА Балкан Турист од Кавадарци и возач на гимназијалците кои патуваа на училишна екскурзија низ неколку земји во Европа, за Канал 77 ги обелодени деталите околу непримерното однесување на учениците во еден италијански хотел.

Според него, веднаш по заминувањето го контактирал неговиот партнер кој му ја пренел реакцијата од хотел во кој престојувале учениците.

Се жалеле на некултурниот и срамен однос, кој бил под секое ниво на елементарна култура.

Се дивеело по собите до рано наутро, а италијанскиот туроператор испратил и фотографии кои го докажуваат срамниот однос на дел од гимназијалците. Во собата број 55 тоа изгледало вака:

По ова, партнерскиот туроператор му посочил на Ристовски дека веќе нема да работи со македонски групи.

Ристовски објави фотографија и од автобусот со кој се превезувале учениците. Тоа изгледа вака:

Во препукувањето со учениците и родителите, Ристовски го образложува кодексот на однесување за време на училишна екскурзија, каде меѓу другото стои дека, има забрана за оддалечување од групата без дозвола на одговорниот наставник, а тие потпишуваат изјава дека за време на истата ќе ги почитуваат одредбите. Тој вели и дека е задолжен да ја води екскурзијата, но не и да биде одговорен за однесувањето на учениците,кое е обврска на наставниот кадар.

Откако децата си дојдоа дома, дел од родителите на социјалните мрежи проговорија за овој скандал. Но, сега , по објавувањето и на другиот дел од приказната, родителите одбиле да дадат изјава за Канал 77.

Се жалат и учениците на хотелското сместување, бидејќи, според нив, немало греење, програмата за екскурзија за која платиле во поголем дел не се остварила, а во Милано, како што велат тие, два часа стоеле на дожд на улица, гладни и на студено време. Во случајот одговорност се бара во Балкан турист, професорите и училиштето, се чека на реакција од Министерството за образование.

loading...