Ердоган: Нема да дозволиме да се смени името на Македонија

АКЦИЈА

Македонија секогаш ќе остане Македонија, a Турција секогаш ќе биде на страната на Македонија, затоа што Грција не е во право. Ова е дел од изјавата на турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган.

Ердоган рекол дека Турците и Македонците се браќа и дека Турција секогаш ќе стои зад Македонците на конференцијата организирана во Клубот на иселениците од балканските простори.

„Тоа што сме го заборавиле во 1912 сега можеме да го поправиме“, рекол Ердоган според кого, Грција ја блокира Македонија да влезе во НАТО поради името, но Турција секогаш ќе биде до Македонија и нема да дозволи да се менува името.

„За нас, Анкара и Скопје немаат никаква разлика и никогаш нема да ги оставиме нашите браќа сами, секогаш ќе сме со нив, и секогаш ќе им помагаме и стоиме позади нив“, рече турскиот премиер Ердоган на средбата која се пренесувала во живо на турската телевизија.

loading...