Могерини: Може пола ден да прославите, а после да се нацртате на работа

АКЦИЈА
loading...

Се вративте назад на патеката. Може да славите половина ден, а потоа да се вратите на работа. Ова го порача високата претставничка за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини на заедничката прес-конференција со претседателот на Владата, Зоран Заев, по безусловната препорака во извештајот за напредокот на Македонија.

„Поминавте долг пат и драго ми е што се вративте на вистинската патека. По проценката што ја направија европските комесари, му препорачавме на Советот отпочнување на преговорите. Можете да славите половина ден, а потоа да се вратите на работа“, рече Могерини.

Таа потенцира дека безусловната препорака не е заслуга само на Владата, туку и на институциите и на граѓаните, а за резултатот, како што рече подеднакво е заслужна и опозицијата.

„Власта и опозицијата треба да ги здружат силите и за следните чекори. Имајќи ги сите овие работи во предвид, но и задачите кои следуваат, Владата има одговорност да и ги отвори вратите на опозицијата, но и таа да учествува во процесите.“, рече Могерини и изрази задоволство што опозицијата се врати во Собранието.

Процесот кон пристапувањето во ЕУ, Могерини го опиша како видео игра, чија што крајна цел е подобрување на стандардот и квалитетот на живот.

„Кога ќе завршите едно ниво добивате ново ниво, а на крајот од денот добивате екстра поени. Вистинската цел не се институциите, туку подобрување на стадардот на граѓаните и подобар квалитет на живот. Сето ова започна и ова се придобивки кои членството во ЕУ ги носи со себе. Следно ниво е спроведувањето на реформите. Во препораката има два магични збора – подобрување и продлабочување. Да се биде транспарентен, одлучен и строг значи дека ќе се остварат и вистинските резултати“, порача Могерини.

Таа ја пофали Македонија дека завршила одлична работа во дијалогот со преговорите со Грција и изрази надеж дека ќе биде пронајдено решение кое ќе биде заеднички прифатливо.

loading...