Како реагира телото кога ќе го исфрлите лебот од исхраната?

АКЦИЈА
loading...

– Секој грам јаглехидрати задржан во телото, задржува и врзува три до четири пати повеќе вода од својата тежина

-Лебот е преполн со јагленихидрати, а наглото исфрлање на истите од прехрамбените навики, на вашето тело ќе се забележи речиси моментно.

Лебот е бомба која доаѓа во многу различни облици од кои некои се штетни за нашето тело и линија, додека други заслужуваат само пофалба. Дознајте што ќе се случи со вашето тело ако од исхраната целосно го исфрлите лебот.

Ќе ги изгубите килограмите предизвикани од вода

Лебот е преполн со јагленихидрати, а наглото исфрлање на истите од прехрамбените навики, на вашето тело ќе се забележи веднаш и тоа во облик на слабеење. Сепак, не станува збор за инстант слабеење туку за губиток на вишокот течности од телото.

Телото ги складира јаглехидратите во облик на гликоген, млечни киселини кои ја собираат водата. Секој грам јаглехидрати задржан во телото, задржува и врзува три до четири пати повеќе вода од својата тежина.

Нема да бидете постојано гладни

Преработените јаглехидрати, со кои е преполн белиот леб, во вашиот организам предизвикува брз пораст на шеќерот во крвта чие ниво потоа многу брзо паѓа. Овие луди промени на мозокот му испраќаат нејасни и брзи сигнали кои го зголемуваат чувството за глад и желбата за храна поради што се дебелееме.

Но, тоа не значи дека од вашата исхрана мора во целост да го исфрлите лебот, туку празните калории од белиот леб да ги замените со интегрален кој успешно го балансира шеќерот во крвта.

Енергијата ќе ви порасне, а дигестијата ќе ви се подобри

За разлика од интегралниот или црн, белиот леб не содржи диетални влакна кои се неопходни за правилна работа на цревата. Токму поради тоа, ваквата храна предизвикува опстипација и проблеми со дигестијата.

Откако ќе го исфрлите белиот леб од исхраната и во секојдневната исхрана воведете целозрнести житарици, дигестијата ќе се подобри а перисталтиката ќе започне со нормално функционирање.

Исто така, јаглехидратите се храна и гориво за мозокот. Ако тие се квалитетни, мозокот ќе работи нормално, без пречки, но ако храната за мозок не е здрава, телото реагира негативно, па се јавува чувство на изнемоштеност и умор.

loading...