Атанас e првиот Македонец што ги има истрчано сите големи маратони во светот!

АКЦИЈА

Македонскиот маратонец Атанас Наумов стана првиот наш атлетичар што успеа да ги истрча сите шест главни маратони во светот, откако вчера успеа да ја заврши и трката во Бостон.

Неготинецот Наумов, кој делницата од 42 километри во Бостон ја истрча за време од 3 часа и 59 секунди, претходно успешно ги има истрчано маратоните и во Токио, Лондон, Берлин, Чикаго и Њујорк, нешто што никому досега во историјата на Македонија му нема успеано.

„Во моментот во Бостон е околу нула степени, на моменти слаб снег, а за утре се најавува пороен дожд со ветер од 40км/час во гради… Но, утре е посебен ден, време е Македонското знаме да се вее и во Бостон, време е и Македонија да има финишер на сите шест најголеми маратони…време е сонот да стане реалност!!!“, напиша Наумов на неговиот профил на Фејсбук.

За да биде успехот на Македонија уште поголем, се погрижи уште еден наш маратонец – Ангел Арнаудов, кој исто како и Наумов ги истрча сите шест најголеми маратони, со тоа што во Бостон имаше послабо време. Тој патеката ја истрча за пет часа и 32 секунди што го прави втор Македонец кому му успеало да го направи неверојатниот подвиг.

loading...