Талат и Грчев си ги сместија децата во удобни фотелји во ЕЛЕМ

АКЦИЈА
loading...

Дојде живот… за децата на високите функционери на власта. Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери и Мирослав Грчев си ги вработиле своите деца во ЕЛЕМ.

Како што дознаваме, Бесија Џафери, ќерка на претседателот на Собранието Талат Џафери во АД ЕЛЕМ е вработена како референт за правни работи од петти месецов.

Од истиот датум, како инженер за животна средина, вработен е и Димитар Грчев на работното место инженер за животна средина. Димитар е син на архитектот Мирослав Грчев кој во исто време е советник во Министерството за култура и голем промотор и подржувач на политиките на власта.

Децата на функционерите се вработени со договор за привремено вработување.

За да се исполни оваа обврска кон коалициониот ДУИ и кон партиските кадри на СДСМ, претходно од дирекцијата на ЕЛЕМ биле прераспределени претходно вработени професионалци, кои како неподобни за раководството на ЕЛЕМ, биле префрлени во разни подружници од дирекцијата на компанијата.

loading...