Моторот што го возеше Заев не бил негов, службен бил

АКЦИЈА
loading...

Премиерот Зоран Заев не го ставил моторциклот кој го возеше вчера во Крушево во неговиот анкетен лист затоа што тој не е во негова лична сопственост туку е во сопственост на семејната компанија на Заеви, Тотал инжинеринг – открива во изјава за Лидер.мк, портпаролот на Владата Миле Бошњаковски.

-Моторциклот кој што го користеше претседателот на владата на Република Македонија Зоран Заев не е во негова лична сопственост и поради тоа не е наведен во неговиот анкетен лист. Возилото е во сопственост на семејната компанија Тотал инжинеринг и за него се платени сите давачки во согласност со законите и прописите во Република Македонија. – вели Бошњаковски во изјава за Лидер.

Во целиот случај интересно е што во регистерските таблици на моторциклот ги има иницијалите на премиерот, З.З.

Инаку, Тотал инженеринг е градежна компанија од Струмица која е во сопственост на братот на премиерот, Вице Заев.

Инаку премирот вчера возеше моторцикл БМВ, од моделот K 1600 GT/GTL Excl, кој од застапниците во Македонија се продава по цена од 29.990 евра и важи за еден од најскапите и најексклузивни моторцикли на пазарот.

loading...