Освежителен тоник од лимон и ѓумбир

АКЦИЈА
loading...

Комбинацијата на овие намирници не може да не биде здрава, па затоа ви препорачуваме да го пробате овој освежителен тоник од лимон и ѓумбир, кој освен што влијае поволно врз општата состојба на организмот, туку и многу придонесува за лекување на болно грло.

Лимонот е богат со витамин Ц и има антибактериски својства, а со ѓумбирот заедно создаваат совршена комбинација за борба против температура, настинка и болка во грлото. А, кога на тоа додадете и мед, тогаш веќе добивате вистински природен еликсир.

Повеќе од 2000 години ѓумбирот се користел како зачин и лек, па до денес луѓето го користат поради неговите моќни дејства врз организмот. Ѓумбирот ја одржува нормалната циркулацијата на крвта, превенира појава на настинки и грип, го зајакнува имунитетот, го подобрува варењето на храната и е многу значаен за здравјето.

Состојки:

½ шолја свежо цеден лимонов сок
3 шолји млака вода
¼ шолја органски мед
1 лажичка свеж изрендан ѓумбир.
Подготовка:

Измешајте го медот со млаката вода, а потоа додајте ги останатите состојки.
Смесата ставете ја во блендер за убаво да се изблендира и медот потполно да се растопи.
Вкусниот и освежителен тоник од лимон и ѓумбир е готов, а може да го пиете како превентива за подобро здравје или напиток кој ќе ја подобри вашата енергија во текот на денот. На здравје!

Извор

loading...