Воскопулос: „Горна“ и „Северна“ нѐ туркаат во иредентизам и мегаломански идеолошки творби

АКЦИЈА
loading...

Кога ќе дојде Коѕијас на убавото место Охрид (при националната грчка телевизија коментираат за „Ахрида“, бидејќи според нив „Ахрида“ е грчки збор, грчко минато и сл.) да им го покажат овој пост подолу и секако коментарите. About “Upper Macedonia”….

За да знаете зошто во Грција сакаат државата на север да се вика „Горна Македонија“ или со географски префикси. Насловот на книгата, што пишуваат современите грчки историчари, советници на премиери и сл. пишува – „Незаборавена татковина Горна Македонија“.

Ова, што книгата не е само една книга на историчари, туку во подсвеста на секој Грк преку образовниот систем се „сади“ токму насловот на книгата. Слично како на оваа книга се пишува во книгите за историја во основно и средно образование. Вечна инвестиција на иредентизмот…

Плус мора да докоментирам. Ќе ме чуди во Република Македонија било која власт разговара или ќе разговара за некој тип решение со „географски префикси“, бидејќи не се оспорува македонскиот национален идентитет. Да, секако не станува збор за идентитетот со географски префиски, ама паметен Македонец, прав европјанин и демократ што сака да креира позитивна иднина, токму би одбивал баш такви решенија (Горна, Северна и сл.) што ги туркаат народите во иредентизам и мегаломански идеолошки творби. Отров за граѓаните на регионот. Извините ама Македонец нормален одбива да разговара за иредентизми, окупации, соединувања и слично, а токму географски префикси-делби околу името на независна држава на регионот е печат за овие мисли и дела.

Иначе плус не треба голем ум да заклучува демократ Македонец и демократ Грк дека од една страна грчката власт да „плампа“ и да инсистира да нема иредентизам, па дури и некојси Ципрас аргументира за Уставот на Република Македонија, за да нема „иредентизам“, а во другата страна токму „оган“ на иредентизам со „географски префикси“ на името на државата Република Македонија.

За ова нерелевантно, дури и анти-хумано размислување, што е токму инвестиција да „се јадат“ народите и граѓаните во овие две соседни држави, ние од Виножито стриктно му пишувавме на Нимиц како медијатор за нерелевантноста на географски „решенија“. Имаме апсолутно право како припадници на македонското малцинство да аргументираме за позитивна иднина на регионот, поврзана со македонското прашања.

Нимиц, што токму задачата на ОН е да го чува мирот и позитивна иднина на државите без конфликти, карања и слично, самиот Нимиц би требало да им рече на било која од двете страни за деструктивниот предлог од типот „географски префикси“. Ова е токму против вредностите на ОН.

Ако не знае тоа најнормално што го пишувам да го каже јавно Нимиц и одговорните, тогаш навистина овој човек и овие луѓе имаат минус околу зачувување на мирот во регионот за следните генерации. Кој разбра, разбра.

(фејсбук статус на Павлос Воскопулос Филипов)

loading...