КРАТОК ХОРОСКОП ЗА ДО КРАЈОТ НА МЕСЕЦОТ

АКЦИЈА
loading...

Овен

Прифатете: Ако сакате да стигнете далеку со комплементарна сила на ваша страна тогаш спојте се со други во моќна комбинација како животен стил!

Ослободете се од: Она од што треба да се ослободите е да не пробувате да го промените (или изградите) светот во еден ден. Позната личност во овој знак: Скај Џексон (8 април)

Бик

Прифатете: Навики и здрави ритуали кои што ќе ви помогнат да се чувствувате секси и самоуверено во сопствената кожа.

Ослободете се од: Не треба да се плашите премногу за вашата иднина – живејте го секој ден како да ви е последен. Позната личност во овој знак: Џиџи Хадид (13 мај)

Близнаци

Прифатете: Бидете свои и оригинални. Само така вашето име ќе го изговараат сите во текот на цела година.

Ослободете се од: Треба да се ослободите од сите оние кои сакаат да летаат на вашите крилја. Позната личност во овој знак: Анџелина Џоли (4 јуни)

Рак

Прифатете: Нека биде вашиот дом ваш замок. Ви треба приватност. Точка.

Ослободете се од: Играње на улогата на спасител за пријатели кои имаат потреба и комплицирани роднини. Позната личност во овој знак: Ариана Гранде (26 јуни)

Лав

Прифатете: Пристапот „пробајте пред да купите“нешто кога сте во шопинг – бидете дилетант оваа година. Ослободете се од: Прекумерната употреба на „емотиконки“. Позната личност во овој знак: Кајли Џенер (10 август)

Девица

Прифатете: Прифатете ја сестраноста на црните хеланки, нека ви биде 2017 година на комфор и ефикасноста.

Ослободете се од: Судењето како одбранбен механизам – и тоа уште пред да сте ја пробале работата! Позната личност во овој знак: Зендаја (1 септември)

Вага

Прифатете: Следете ги вашите страсти и соништа без да се извинувате на другите.
Ослободете се од: Претрупување на вашиот распоред така што немате време за себе.

Позната личност во овој знак: Ким Кардашиан (21 октомври)

Шкорпија

Прифатете: Имајте полабав и послободен распоред на вашето време што ќе остави простор за спонтаност. Ослободете се од: Не сомневајте се во невините. Позната личност во овој знак: Ема Стоун (6 ноември)

Стрелец

Прифатете: Сé што е колективно – соработки, живеење заедно, делење превоз и активизам во заедницата.

Ослободете се од: Фиксирање на завршетокот и заборавање да уживате во процесот. Позната личност во овој знак: Тејлор Свифт (13 декември)

Јарец

Прифатете: Медитирајте, занимавајте се со метафизика и отклучете ја вашата повисока свест. И релаксирајте се! Ослободете се од: Престанете да разговарате за статусот. Позната личност во овој знак: Габи Даглас (31 декември)

Водолија

Прифатете: Ако сакате да имате интересна година, тогаш стекнете глобален номадски статус – имајте повеќе печати во пасошот оваа година!

Ослободете се од: Стравот од преземање водство – со твоите високи идеали, луѓето тебе те чекаат, водолијо. Позната личност во овој знак: Ема Робертс (10 февруари)

Риби

Прифатете: Бидете вообразени и дрски – тоа ќе ги држи сите непосакувани додворувачи подалеку од вас.

Ослободете се од: Заборавете на целибатот и сексуалните инхибиции: кога се чувствувате жешко, не се воздржувајте. Позната личност во овој знак: Ријана (20 февруари)

loading...