ВИДЕО: Пеналот на Роналдо (96′) и црвениот картон на Буфон го одведоа Реал Мадрид во полуфинале

АКЦИЈА
loading...

На „Бернабеу“ сите срца чукаа во последните секунди од судиското надполнување.

Имено, Јувентус успеа да го декласира Реал во текот на регуларните 90 минути, па успеа да ја анулира предноста на Кралевите.

Првиот погодок го постигна Манџукиќ во раната 2. минута, а веќе во 37. минута повторно тој им ги врати сите надежи на фановите на „Старата дама“. Матуиди донесе ситуација за продолженија и евентуална пенал партија во 61. минута кога зголеми на 3:0, но вистинската драма следуваше во судиското надополнување.

Во истото, по еден невнимателен старт на Бенатиа, Буфон заработи црвен картон, а Роналдо го совлада Шчесни од белата точка за пласман на Реал во полуфиналето.

 

loading...