Иран критикува наш сосед поради засолнување на илјадници муџахедини

АКЦИЈА
loading...

Владата на Иран критикува една наша соседна земја поради засолнувањето на дури 3000 муџахедини. Иран го фокусира вниманието на овој нивни нов дом и е лут затоа што овие луѓе се таму засолнети. Се работи за Албанија.

Според пишувањата на весникот „Сот њуз“ од Тирана, Иран испратил реакција и до ЕУ затоа што претходно преку писмо 32 европратеници побарале заштита на муџахедините.

,,Муџахедините се дел од иранската демократска опозиција МЕК поради што Европскиот парламант до сега има усвоено неколку резолуции со кои се бара заштита на хуманитарните права на муџахедините“- стои во писмото на ЕУ и се додава дека засолнувањето е од хуман карактер.

Официјална Тирана по барање на САД, во неколку фази ги засолни наведените граѓани на Иран, кои таму како опозиција беа на удар на тамошната власт, пренесуваат албанските медиуми.

loading...