Данев тврди: Анѓушев имал 26 милиони евра кредити за враќање, затоа влегол во политиката

АКЦИЈА
loading...

Скандалите кои ја тресат владата на Зоран Заев не запираат. Од ден во ден ги има се повеќе, а паричните суми стануваат се поголеми и поголеми. Токму денес на површина исплови уште еден таков мега скандал поврзан со владата на СДСМ.

На денешната собраниска седница на која прва точка на дневниот ред е интерпелацијата на Владата на Република Македонија, пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев обелодени нов скандал за вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев.

Данев од собраниската говорница истакна дека во моментот кога Анѓушев стана дел од владата, тој имал кредитни побарувања, односно кредити во вредност од 26 милиони евра.

-Видовме дека животот дојде во Македонија но, само и единствено за владините и партиски гункционери на СДСМ и ДУИ, за никој друг. Оваа влада залудно потроши речиси година дена од животот на сите граѓани во Македонија- се жалат апсолутно сите, и пензионери и професори и лекари и вработени и невработени и млади и стари. Но, не се жалат, напротив, добро профитираат и ги враќаат своите огромни кредити во милиони евра владините функционери или оние кои се врхушка во сегашната влада на Македонија. Имаме сериозни индиции за сериозно големи кредити, кои што само вицепремиерот Кочо Анѓушев ги има приближно околу 26 милиони евра кредитни побарувања. Токму тука можеби лежи прашањето- зошто луѓе од бизнисот се нафатија да бидат функционери во оваа влада и експресно после ова, сигурно во контекст на овие побарувања за неполни 3 месеци веќе тендер од 2,5 милиони евра токму од оваа влада. Тука имаме сериозна политичко-морална одговорност, сериозен конфликт на интереси.

Многумина беа зачудени кога Кочо Анѓушев кој важеше за еден од најбогатите луѓе во Македонија се одлучи да стане дел од политиката. Сега е очигледно дека тој бил приморан на ваков чекор поради огромните долгови кои тој лично ги има, а спасот евидентно го гледал во висока државна функција со цел добивање на тендери.

Имено, откако Анѓушев ја доби вицепремиерската функција токму него лично го тресат низа скандали од кои тој се здоби со милионски профит.

Првиот скандал кој ја потресе фотелјата на Анѓушев беше тендерот од 2,6 милиони евра кој јавното претпријатие ЕЛЕМ му го додели на неговата компанија, „Фероинвест“.

Да не заборавиме дека во екот на преговорите со Грција за промена на името на Македонија, Анѓушев ја продаде својата компанија ЕДС на грчкото електро стопанство.

Меѓу другото, владата ги укина и давачките за литиум- јонски акумулатори само поради вицепремиерот Анѓушев бидејќи единствено неговата фирма „Брако“ користи такви акумулатори.

Со тоа продолжи злоупотребата на својата службена позиција од страна на Кочо Анѓушев.

Електрични литиум-јонски акумулатори користи само фирмата „Брако“ која е во негова сопственост и која овие батерии треба да ги вгради во моторни возила за специјална намена- чистење на улици и на патишта со електричен погон.

„Брако“ треба да произведе 35 вакви возила во вредност од 2 милиони евра.

 

loading...