Сведокот контра СЈО: Набавката на „Мерцедесот“ била нужна и законска

АКЦИЈА
loading...

Сведокот во „Тенк“ Ристо Ставревски, кој во 2012-та година бил советник во кабинетот на министерот за внатрешни работи, денес потврди дека набавката на „Мерцедесот“ била нужна и законска.

– На 16-ти април 2011 година, кога во с. Јегуновце заедно со министерот за внатрешни работи бевме во работна посета, бевме нападнати со огнено оружје поточно со автоматски пушки и рачен минофрлач. Тоа беше криминална банда која бегаше од полицијата по претходно извршен грабеж. Помислиле дека ние сме поставиле блокади и не нападнаа. По овој немил настан сугерирав и упатив забелешки при креирањето на годишниот план за јавни набавки, рече во судницата сведокот во „Тенк“ Ристо Ставревски.

Тој и министерот за внатрешни работи морале да се засолнат во околните куќи во Јегуновце и да го чекаат блиндираното возило дури 2 часа бидејќи со истото тој ден се превезувале странски делегации.

Во тој период имаше и поплаки од делегациите кои се превезуваа во дотраените блиндирани возила кои имале чести кварови.

Ад хок комисијата за јавни набавки, на која 3 години бил претседател Ставревски, работела по член 7 од Законот за јавни набавки. Според сведокот, оваа комисија е исклучена од јавни набавки поради безбедност на државата.

loading...