Заев го фали договорот, а Бугарија бара бришење на „лагите“ од учебниците

АКЦИЈА
loading...

Иако договорот за добрососедство и пријателство меѓу Република Македонија и Република Бугарија јасно предвидува менување на историјата во учебниците преку формирање Заедничка мултидисциплинарна експертска комисија, премиерот Зоран Заев има пофални зборови за него, посочувајќи дека тој не е штетен за нашата држава.

Заев многу пати досега го фалеше договорот, меѓутоа, досега многу бугарски политичари јавно кажуваа дека треба да се избршат „лагите“ од македонските учебници.

Премиерот во неодамнешното интервју за МИА вели дека со договорот не губи ниту Македонија, ниту Бугарија.

-Кога влеговме со премиерот Борисов во разговорите за Договорот за доброседство и пријателство со Бугарија, јас слично очекував дека ќе дојде некој булдожер, тоа што велите, некои од пријателите од Европа, од Америка, од некои други пријателски земји и институции. Но, успеавме сами. Успеаа нашите тимови, креативноста на речениците, успеавме веројатно и со храброста и денеска видовме дека сме имале право. Не загуби ништо Македонија, не загуби ниту Бугарија, изјави премиерот Зоран Заев во неодамнешното интервју за МИА.

Сепак, бугарскиот европратеник Андреј вели дека не може да се продолжи со лаги во учебниците.

-Така нема да се разбереме со поранешните титови комунисти! Со лаги во учебниците, како во Македонија, така и во Бугарија не може да се продолжува, напиша Ковачев на својот Фејсбук профил, објавувајќи изјава од македонската министерка за образование и наука, Рената Дескоска која вели дека во учебниците нема да се менува историјата.

Договорот, беше потпишан на 1 август 2017 година од страна на премиерите на двете држави, Зоран Заев и Бојко Борисов.

Токму за прашањата со учебниците зборува со членот 8 од договорот.

„Член 8

1.Двете Договорни страни ќе ја поттикнуваат активната и непречена соработка во областа на културата, образованието, здравството, социјалната грижа и спортот.

2.Во рок најдоцна до три месеци од влегувањето во сила на овој договор, со цел продлабочување на заемната доверба, двете Договорни страни ќе формираат Заедничка мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања, на паритетна основа, за да придонесе за објективно и засновано на автентични и на докази засновани историски извори, научно толкување на историските настани. Комисијата ќе поднесува едногодишен извештај за својата работа пред владите на Договорните страни.

3.Двете Договорни страни ќе организираат со заемна согласност заеднички чествувања на заеднички историски настани и личности, насочени кон зајакнување на добрососедските односи во духот на европските вредности.“

loading...