Втор ден Велигден, Воскресен понеделник – како треба да се одбележи?

АКЦИЈА

Православните верници велигденските празници ги слават три дена. Се радуваат луѓето, се радува целата природа! Христос воскресна, ѓаволот и смртта се победени. Со своето воскресение Исус Христос го отвори патот на луѓето до вечен живот, го отовори патот кон конечното воскреснување на мртвите во последниот ден, денот на неговото доаѓање.

На Воскресниот понеделеник продолжува гозбата и веселбата, на кои се угостуваат роднините, кумовите, комшиите и пријателите.

Тоа всушност е единствената работа која вистинските и искрени вернци никако не би требало да заборават да ја направат на овој ден. Значи да продолжат да се веселат и таа радост да ја поделат со најблиските. Според народното верување, оние кои ќе се оглушат од ова единстевено правило, му пркосат на Бога и Христос и нема да им иде во животот како што треба.

loading...