Собранието го објави документот за гласање на доверба на Владата

АКЦИЈА
loading...

Единствени проекти коишто ги спроведе Владата на СДСМ и ДУИ во изминатиов период се нагло партизирање на институциите и нивно деградирање, заробено судство, луксузирање на владините функционери со парите на граѓаните и политички реваншизам.

Ова е дел од образложението на опозициската ВМРО-ДПМНЕ во барањето за покренување прашање за доверба на Владата потпишано од 41 пратеник.

Координаторот на ВМРО-ДПМНЕ Драган Данев вчера го достави до Собранието документот, а партискиот лидер очекува на седницата да биде изгласана недоверба на владата.

Ова е најмоќниот собраниски инструмент за контрола на извршната власт.

Прашање за доверба на Владата можат да постават најмалку 20 пратеници. Гласањето се врши по истекот на три дена од поставувањето на прашањето за доверба. За евентуално изгласување недоверба се потребни минимум 61 глас.

Собранискиот спикер Талат Џафери преку СМС им потврдил на колегите дека во среда ќе биде расправата.

loading...