Што да направите со велигденските јајца што ќе ви останат: Тиролска салата

АКЦИЈА
loading...

Состојки:
1 марула
2 јајца
80 г пршута (тенко исечена)
10-тина маслинки
1 китка ротквици
3 кришки леб
малку пармезан (рендан)
2 лажици јаболков оцет
4 лажици маслиново масло
1 чешне лук
малку сол, црн пипер
малку масло за готвење

Подготовка: Јајцата тврдо сварете ги (искористете ги тие од Велигден) и исечете ги на полумесечинки.

На кришките леб отстранете им ја кората и исечете ги на коцки. На тава, на малку масло за готвење, запржете ги коцките леб од двете страни. Префрлете ги врз салфета за да се впие вишокот маснотија.

Салатата измијте ја и исушете ја. Исечкајте ја и префрлете во чинија за сервирање. Додајте ги јајцата, пршутата, маслинките, сечканите ротквици и коцките леб.

Подгответе го сосот: во помал сад, измешајте го оцетот и маслиновото масло. Лукчето ситно исечкајте го и додадете го. Зачинете со сол и црн пипер.

Со подготвениот сос прелијте ја салата и додадете го пармезанот. Добар апетит!

loading...