Што да направите со јајцата што ќе ви останат: Полнети похувани јајца

АКЦИЈА
loading...

Потребни состојки:

10 варени јајца
2 лажици мајонез
2 лажици кисела павлака
Малку чадена сланина
Малку сецкан магданос

За пржење:

4 јаца
200 грама презла
150 грама брашно
Масло за јадење

Подготовка:

Варените јајца излупете и исечете ги на половина. Во сад извадете ги жолчките, додадете мајонез, павлака, сецканиот магданос и чадената сланина, потоа посолете и се добро измешајте.

Наполнете ги белките и повторно спојте ги двете половини, така да добиете повторно цело јајце.

Во сад изматете ги јајцата, потоа извалкајте ги варените јајца во брашно, во јајцата, презлата и повторно во јајца и на крај презла.

Пржете во длабок сад со поголема количина на масло. Испржените јајца ставете ги на салфета за да ја впијат мрснотијата.

loading...