Каракамишева смета дека ДУИ повеќе не е партија, туку каубојска глутница која проблеми решава со пиштоли

АКЦИЈА
loading...

Тоа што се миленичиња на САД и на ЕУ ги разбашкари до степен мафијашките кланови во ДУИ да се убиваат меѓусебно како да се крволочни животни!

ДУИ веќе не е партија, ДУИ стана каубојска глутница во која пиштолите и ножевите се средство за решавање на политичките, семејните, а пред се, читај профитерските несогласувања.

Од друга страна, демократот Бујар Османи со кадифените ракавици на рацете од уста не ги вади европските вредности и европските стандарди кои никако да ги воведе прво во неговата партија. Бидејќи нели прво треба да се демократизираат партиите па после државата!

Ако се знае дека партиите се огледало на државата, односно какви партии таква држава, тогаш заклучокот за Македонија и нејзината политика е повеќе од ПОРАЗИТЕЛЕН, без абер состојбата да се подобри!

Работите во ДУИ, а богами се повеќе и по улиците во Скопје, се како во ПРЕТПОЛИТИЧКИОТ ПЕРИОД од развојот на заедницата каде што секој секому му е волк!

ДУИ со кратки прекини е на власт од 2001 година па наваму што значи е реален креатор на политичката култура и политики во државата речиси 17 години!!!

Премногу време поминато во медот и премногу раце и нозе брцнати во политичкото буре!

Сега му е мајката и дојдено е вистинакото време малку повеќе ДА СЕ ОДМОРАТ, да се тргнат од парите, да го пресушат езерото полно со крокодили и да си ги приберат револверашите и мачетарите!

Овој процес ќе биде добар за нив, за ЖИВОТОТ на нивните членови, но и за ДОБРОТО НА ДРЖАВАТА!

loading...