Едноставна техника за вапцање јајца (Видео)

АКЦИЈА
loading...

Интересна идеја како да ги искористите старите парчиња свила, а притоа да имате убаво ишарани велигденски јајца.

Постапка:

1.Бело јајце замотајте во парче свила ( големина 20х20цм) така што убавата страна е свртена кон јајцето. Потоа со ластик врзете ја свилата така што јајцето целосно да биде замотано во неа.

2.Потоа над свилата на истиот начин врзете памучна ткаенина и исто прицврстете ја со ластик.

3.Јајцата ставете ги во тенџере со вода во која ќе ставите 2 лажици оцет

4.Од кога јајцата ќе зовријат варете ги на тивко уште 25 минути

5.Јајцата извадете ги од тенџере и оставете да се изладат

6.Одмотајте ги јајцата и премачкајте ги со зејтин или маргарин

Погледнете го видеото во прилог и дознајте како и вие да бојадисате неверојатно убави .

loading...