Временска прогноза за Велигденските празници

АКЦИЈА
loading...

Денес, времето ќе биде облачно, проследено со повремени врнежи од дожд, кои на места ќе бидат и пообилни. Просечните врнежи ќе достигнат околу 10 милиметри на метар кубен. Температурата на воздухот ќе биде испод просекот за оваа година, а ќе биде условена од северниот ветер, кој ќе дува со околу 10 километри на час.

Вечер врнежите полека ќе престануваат, а во сабота наутро се очекува комплетно да престанат. Сабота наутро ќе биде сеуште облачно, но во текот на денот се очекува делумно разведрување со повремени сончеви периоди. Северниот ветер ќе биде повторно присутен, но сепак, температурата на воздухот ќе биде во пораст и ќе се движи во просек околу седумнаесеттиот степен.

Во недела, на Велигден, се очекува прекрасен сончев ден. Ветерот ќе го промени својот правец во југоисточен, што ќе услови покачување на температурата над дваесеттиот степен. Недела ќе биде одличен ден за излет во природа.

Во понеделник и во деновите потоа, се очекува стабилизацијата на времето да продолжи, да биде сончево со температури на воздухот вообичаени за овој период од годината, кои ќе се движат во распон од 20 до 25 степени целзиусови.

loading...