Полнета лепиња со месо и зеленчук

АКЦИЈА

Фил
– Најпрво пригответе го филот. Зависно кое месо сте го избрале ставете го да се свари. Варено исецкајте го. Во тава ставете да се пржи кромидот до омекнување, додадете ги морковот и пиперката – заедно продолжете да пржете до нивно овенување. Додадете го исецканото место и се заедно допржете. Не оставајте да остане на масло, нека има малку сафт за да не биде суво. Зачинете со се останатото напишано во состојките. Тргнете на страна.
Тесто
– Од сите состојки за тестото замесете меко тесто, истурете го врз побрашнета работна површина, домесете и вратете во садот кој веќе сте го подмачкале со малку масло. Оставете да стаса.
– Стасано поделете го на два дела и размесете ги. Нека одморат сосема кратко.
– Пригответе ја тавата во кој ќе печете ставајки хартија за печење. Едниот дел од тестото расукајте го во дебелина на половина сантиметар, преместете ја веднаш во тавата или пак директно на хартијата за печење првиот дел расукајте и заедно со хартијата ставете во тавата. Распоредете го филот од месото, слободно ставете го и сафтот кој го има. Краевите на кората премачкајте со малку масло, расукајте го вториот дел и со него покријте го филот подвиткувајки ги краевите под првата кора. Лепињата е оформена. Со лесно разматена белка премачкајте ја лепињата и посипете со сусам, чурекот …тоа што сакате вие. Оставете 5-6 минутки да одстои и ставете да се пече во петходно загреана рерна на 220 степени. Ќе познаете кога е готова.
Напомена
По правило оваа лепиња треба да се исече на средината и да се отвори, па се служи, но јас ја секов на парчиња.
– Доколку ставате мелено месо, тогаш испржете го притоа додавајки му малку вода, мора да има малку сафт и да не е сув филот.
– Рерната треба да е на повисока температура земајки во обзир дека сите рерни не се исти, за да се подигне лепињата и затоа се отвара како да е горниот дел капак.
– Доколку користите истант квасец тогаш одмерете 1 лажичка.

Мои рецепти

loading...