Нано Ружин со демант: Не сум ловџија и никогаш во животот не сум пукал на животни

АКЦИЈА
loading...

По вчерашната информација во некои медиуми за тоа дека во резерватот Јасен, познати бизнисмени и политичари направиле буквално “покољ” на диви свињи, со свој демант се јави професорот Нано Ружин, кој беше посочен дека бил дел од учесницит во хајката:

– Сакам да објаснам дека јас ниту сум ловџија, нити знам пушка да држам нити па во животот имам убиено некакво животинче, во Јасен бев на покана на француски бизнисмен мој стар пријател од Париз и самиот бев вџашен од ловџиската страст за пукање и убивање, значи кога се распукаа едно 30 ловџии тоа беше како втора светска војна, но веројатно е така секогаш на овие ловџиски сеанси, ја не сум дел од таа култура, ова ми беше прв и веројатно последен пат да набљудувам една ваква манифестација.

Јавноста треба да знае дека овие диви свињи не се воопшто диви, туку се одгледувани, прихранувани и ветеринарно третирани со цел нивен голем број за да потоа се продаваат за големи пари на бизнисмени од цел свет кои плаќаат големи пари за улов на истите.

Тоа е како еден вид одгледување на риби во аквариум па потоа некој плаќа да ги лови во мал базен каде уловот ќе биде загарантиран.

Значи овие животни не се во шума туку се во оградена површина каде се ловат од забава, ова може звучи грозно за љубителите на животни, но ловот како спорт постои со векови и ова го има во цел свет и е сосема нормална практика уште од антика.

Месото од овие свињи потоа се продава низ македонските ексклузивни ресторани, значи ова е еден цел бизнис како што е бизнисот со месо од други животни.

loading...